• опожарена

Изгоре куќа во Скопје

Вчера во 20.20 часот било пријавено дека во Скопје на улицата „Перо Наков” настанал пожар, при што во целост била опожарена куќата на Е.Р.(46), а од куќата, сопственост на Т.Ѓ.(47), била изгорена кровната конструкција. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил локализиран. Повредени лица нема.