Разговор со Васил Атанасов за неговиот уметнички јубилеј: Камерната музика за мене отсекогаш беше голем предизвик
Со концерти во Струмица и во Скопје со многубројни гости и разновидна програма обоистот Васил Атанасов на 27 и 28 април ќе одбележи голем професионален јубилеј – 50 години уметничка дејност. Музичкиот уметник – обоист проф. м-р Васил Атанасов ѝ припаѓа на одбрана плејада репродуктивни уметници во македонската култура, која со својата силна уметничка дејност …

