Жена од Кичево во својот подрум пронашла минофрлачка мина

Во Полициската станица Кичево, вчера В.М.(52) од Кичево пријавила дека на 24.05.2020 во подрумските простории во нејзиниот дом пронашла неексплодирана минофрлачка мина, информира МВР. Увид бил извршен во присуство на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, а мината била подигната и предадена во Дирекцијата за натамошна постапка.