• мерка

МВР: Казни за 409 лица за неносење маска

На територијата на Република Северна Македонија, во текот на изминатото деноноќие, по однос на мерката за носење лична заштита на лице се регистрирани 409 прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). И во денешното соопштение, МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.