МОНСТРУОЗНО: Куче тепано со вила, па запалено со бензин

Маалско куче попладнево било запалено со бензин во гевгелиското село Стојаково, а поради тешките изгореници по телото, за кратко време починало, јавува Макфакс. Според информациите објавени на социјалните мрежи, кучето пред да биде запалено, било измачувано и тепано со вила. Случајот ќе биде пријавен и во полиција.