Бугарските власти ја повикаа на разговор македонската амбасадорка во Софија по инцидентот во Скопје
Вршителката на должноста амбасадор на Македонија во Бугарија, Агнеза Руси Поповска, денеска била повикана во бугарското Министерство за надворешни работи во врска со вчерашното палење на автомобили пред Амбасадата на Бугарија во Скопје, пренесе „Бгнес“. Заменик-министерот за надворешни работи Христо Полендаков пред в.д. амбасадорката рекол дека Бугарија најостро го осудува овој, како што го нарекол, …

