• Казнено-поправната установа

Со лажна лична карта сакала влезе на посета во „Идризово“

Вчера во 12.45 часот во казнено-поправната установа „Идризово“, А.Д.(21) од Скопје дала на увид фалсификувана лична карта за влез во посета во затворската установа. Таа била запрена се додека не пристигнала патрола од полициската станица од Гази Баба кои ја презеле за понатамошна постапка.