Со одлука на министерот Филипче: Катерина Кузмановска е нова директорка на струмичката болница

Со одлука на министерот за здравство, Венко Филипче, за нова директорка на струмичката болница е назначена Катерина Кузмановска. Таа на доаѓа на функцијата на местото на досегашниот директор, Наќе Гогов, кој заминува во пензија. Кузмановска е специјалист по педијатрија, а во претходниот парламентарен состав беше пратеник во Собранието од СДСМ.