Владата дала „инјекција“ од 112 милиони евра за општините во годината на локалните избори, покажа истражување на ЦГК
Само во периодот од октомври 2024 до октомври 2025 година, односно во последната година пред изборите, Владата испланирала 250 милиони евра за инфраструктурни проекти на општините и од тие пари им одобрила 112 милиони евра, преку шест министерства – Транспорт, Спорт, Образование, Животна средина, Социјална политика и Култура. Ова го соопшти Центарот за граѓански комуникации …

