• годишник

Обљубени две деца во Росоман

Основното јавно обвинителство поднесе обвинителен акт против 41-годишник, кој во куќа во Росоман, во повеќе наврати извршил полови дејствија врз две деца кои не наполниле 14 години, при што ги сликал со мобилен телефон. Надлежниот јавен обвинител до Судот достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.​