Изгоре „форд мондео“ во Сопиште

Околу 12.20 часот регистриран е пожар во автомобил „форд мондео“ во населбата Сопиште. Автомобилот е целосно уништен. Од МВР информираат дека на терен излезена е противпожарна единица и пожарот е изгаснат. Засега нема информации за повредени при пожарот.