„Природните ресурси се заедничко добро“ – „Еко правда“ отвори петиција против законите за минерални суровини и концесии
Граѓанска организација „Еко правда“ покрена јавна онлајн петиција против предложените измени на Законот за минерални суровини и Законот за концесии и јавно-приватно партнерство, кои се наоѓаат во собраниска процедура. Сметаат дека предложените измени отвораат сериозни прашања од јавен интерес и носат потенцијални ризици кои директно влијаат врз животната средина, приватната сопственост и квалитетот на живот. …

