Таравари и Мемеди како „раштиман оркестар“ за модринките на бебето: Едниот вели дека родителите и сестрата си подале рака, другиот дека ќе имало дисциплинска за сестрата
Министерот за здравство, доктор Арбен Таравари и директорот на Детска клиника, Реџеп Мемеди, денеска звучеа како „раштиман оркестар“ кога даваа изјави за бебето со модринки кое било хоспитализирано на Детската клиника, а чие семејство невистинито ја обвини медицинската сестра дека намерно му нанела повреди затоа што мајка му не зборувала македонски, туку само албански јазик. …

