Предметот „ТНТ“ нема да се преведува на албански, судијата бара дисциплинска постапка за адвокатите

Фото: МИА

Покрај барањето на адвокатот Мерџан Даути за тоа случајот „ТНТ“ да се преведе на албански, тоа нема да се случи. Напротив, судијата во оваа постапка побара и отпочнување на дисциплинска постапка за адвокатите.

Како образложение за ова, судијата истакнал дека со барањето за превод на случајот, адвокатот само сака да ја одолговлечи постапката.

– Ова е злоупотреба на правото од страна на адвокатите, за одоговлекување на постапката, бидејќи се изведени голем број на докази и таа е во фаза на окончување – рече судијата Ставрев.

Тој посочи дека судењето ќе продолжи во фазата каде што е стигната, а отсега адвокатот ќе добие симултантен превод на рочиштата, но нема да бидат преведени материјалите кои досега биле изведени на околу 40 судски рочишта.

Судијата Ставрев ја известил Адвокатската комора и за постапката на адвокатот Димитар Дангов, кој претходно и беше адвокат на обвинетат Елисавета Најдовска, бидејќи, како што рече, без оправдана причина го откажал полномошното, а со иста цел, односно одоговлекување на постапката.

Од Адвокатската комора го известиле судијата дека ќе се поведе дисциплинска постапка против адвокатите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот