• белградската

Се преврте српски воен камион, испадна ракета, повреден е војник

Сообраќајот на дел од белградската обиколница во правец кон Остружница е во прекин откако воен камион излета од патот и се превртел. Воен камион превезувал ракети. Засега не се познати причините зошто возилото се лизнало од патот. Од камионот паднала една ракета. Од Министерството за Одрана на Србија известија дека еден војник е полесно повреден.