• нови

Претепан е новинар од Нови Сад

Радио водителот од Нови Сад, Дашко Милиновиќ денес е нападнат од двајца маскирани напаѓачи, кои го претепале со метална шипка и го испрскале со солзавец во очите. Нападот се случил околу 6.45 часот. Милиновиќ успеал да ја покрие главата со рацете, а по зададените удари, напаѓачите избегале.