Тачи: Регионот може да се дестабилизира поради Косово и Србија- Слободен печат
ВестиРегион

Тачи: Регионот може да се дестабилизира поради Косово и Србија

Ние сакаме еднаш засекогаш да го разјасниме нашиот однос како држава со Србија, што може да се постигне само преку дијалог кој ке има јасни временски рамки.

Косовскиот претседател Хашим Тачи, вели дека регионот може да се дестабилизира, доколку не биде постигнат договор меѓу Косово и Србија.

Во својот говор на конференцијата „Гласот на луѓето околу „Големото финале“ меѓу Косово и Србија“, Тачи рече дека завршувањето на политичкиот дијалог со Србија, со правно обврзувачкиот договор што подразбира меѓусебно признавање, е национален интерес на Косово, пренесува „Експресс“.

– Ние сакаме еднаш засекогаш да го разјасниме нашиот однос како држава со Србија, што може да се постигне само преку дијалог кој ке има јасни временски рамки, прецизни цели, гаранции и меѓународна поддршка, пред се од САД и ЕУ. Немам никакви сомнежи дека ако оваа година не го направиме правно обврзувачкиот договор меѓу Косово и Србија, ќе влеземе во опасна зона на овие односи, што би можело да го дестабилизира целиот регион – рече Тачи.

Тој нагласи дека за жал ситуацијата и последните случувања воопшто не се ветувачки и работите воопшто не се движат.

– И покрај последните иницијативи за деблокирање на дијалогот, резултатот е нула. Недостатокот на дијалог и перспектива за постигнување на договор за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија е најголемиот можен ризик за безбедноста и стабилноста на Косово – додаде косовскиот претседател.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close