Таа ги родила српските принцови: Која е ПРВАТА ЖЕНА на принцот Александар? (ВИДЕО)

Принцезата од Бразил и Португалија, Марија да Глорија, била првата сопруга на српскиот принц престолонаследник Александар Втори Караѓорѓевиќ. Мајка е на принцовите Петар, Филип и Александар.

Родена е на 15 декември 1946 година во Петрополис, Бразил. Припаѓа на шестата генерација директни потомоци на португалските кралеви.

Александар Втори Караѓорѓевиќ и Марија да Глорија се венчале во 1972 година во местото Вилјаманрике де ла Кондеса во Шпанија.

Во тој брак се родени три сина – најстариот, принцот Петар, роден е во 1980 година во Чикаго и близнаците принцовите Филип и Александар родени во 1982 година во Вирџинија.

Бракот на Марија и Александар Втори Караѓорѓевиќ е завршен на 19 февруари 1983 година.

Две години по разводот од Александар таа се омажила за Игнацио, војводата од Сегорба. Во тој брак има две ќерки.

Погледнете ја снимката од венчавката на Марија да Глорија и српскиот престолонаследник.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот