СЗО: Британската мутација на коронавирусот е присутна во 70 земји

СЗО/ Фото Архива на Слободен печат

Бројот на земји и територии во кои е присутна новата мутација на коронавирусот откриена во Велика Британија се зголеми на 70, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Според СЗО, мутацијата на новиот коронавирус откриена во Јужна Африка, која, како и британската, се шири побрзо од SARS-CoV-2, исто така, продолжува да се шири и во други земји и сега е присутна во 31 земја и територија. Бразилската мутација, пак, е присутна во вкупно осум земји.

Во тек се истражувања низ целиот свет за да се утврди зошто мутацијата откриена во Велика Британија е позаразна.

СЗО соопшти дека варијантите на вирусот се различни верзии на оригиналниот вирус кои се појавуваат со текот на времето поради различни мутации. Организацијата додаде дека ова е нормална појава за вируси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот