СЗО бара од Израел да отвори уште премини кон Газа, деца умираат од глад

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) денеска изјави дека само повеќе копнени премини во Газа можат да помогнат да се спречи гладувањето во густо населената палестинска енклава.

„Децата умираат од неухранетост и болести, како и од недостаток на чиста вода и канализација. Иднината на цела генерација е во голема опасност“, рече генералниот директор Тедрос Аданом Гебрејесус

Петмесечната војна создаде критичен недостиг на храна кај 2,3 милиони Палестинци во Газа, кои во некои области сега го надминуваат нивото на глад, според Обединетите нации.

„Неодамнешните напори за испорака на храна по воздушен и морски пат се добредојдени, но само повеќе копнени премини ќе овозможат испорака од големи размери за да се спречи гладот. Уште еднаш бараме од Израел да отвори повеќе премини и да го забрза влезот и испораката на вода, храна, медицински залихи и друга хуманитарна помош во Газа“, рече Тедрос.

Агенциите за помош на ОН соопштија дека „огромните пречки“ за пренесување на помошта во северна Газа ќе бидат надминати само со прекин на огнот и отворање на граничните премини што Израел ги затвори откако Хамас го започна својот напад на 7 октомври.

Тедрос рече дека барањата на СЗО за снабдување на енклавата честопати биле блокирани или одбиени. Израел вели дека не ја ограничува хуманитарната помош за Газа и ја обвинува бавната испорака на помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот