Светските лидери и технолошките компании со заеднички сили во брбата против тероризмот на интернет

фејсбук
Flickr

Светските лидери се здружија со технолошки компании, меѓу кои и Фејсбук, Јутјуб и Гугл, со цел да формираат организација за борба против „терористичката и екстремистичката содржина преку интернет”, објави премиерката на Нов Зеланд, Јасинда Ардерн.

– Новиот самостоен глобален форум за борба против тероризам на Интернет (ГИФКТ) ќе спречи терористичко и насилно екстремистичко користење на социјалните мрежи – објасни Ардерн во ОН во Њујорк.

Ардерн ги повика интернет компаниите да преземат акција по нападот во џамиите во Нов Зеланд оваа пролет, бидејќи напаѓачот го пренесуваше својот крвав напад во живо преку Интернет.

Бројот на држави што ја поддржуваат иницијативата се зголеми на 48 земји и три меѓународни организации, се вели во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот