Светски рекорд во Диселдорф: Распродадени билетите за натпреварот Македонија – Франција

фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Според ЕХФ има голем интерес за билетите за следење на натпреварите на Европското ракометно првенство 2024 година во машка сениорска конкуренција кое ќе се одржи во Германија.

До сега 200.000 билети, повеќе од 45% од целата достапност, веќе се продадени или резервирани.

На овој континентален собир ќе настапи и најдобрата македонска репрезентација која ќе игра во групата „А“ заедно со домаќинот Германија, Франција и Швајцарија.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров на 10 јануари 2024 во првиот натпревар на ЕП ќе играат против Франција во „Меркур Шпил“ Арената во Диселдорф од 18.00 часот, а истиот ден во истата арена од 20.45 часот Германија ќе игра против Швајцарија.

Европската ракометна федерација објави дека во Диселфорд ќе бидеме сведоци на светски рекорд. На овие првите мечеви на ЕП во Диселдорф се очекува да присуствуваат повеќе од 50.000 илјади гледачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот