„Summerland 2019“ почнува денеска - МУЗИКА и ЗАБАВА за сите генерации (ГАЛЕРИЈА) - Слободен печат
ВестиКултураСкопје

„Summerland 2019“ почнува денеска – МУЗИКА и ЗАБАВА за сите генерации (ГАЛЕРИЈА)

Граѓаните покрај богатата музичка програма, ќе можат да се забавуваат и со други активности како board игри, флипери, фудбалче, табла и PlayStation.

„Summerland 2019“ е фестивал кој за првпат годинава ќе се одржи во Градскиот парк, во Скопје. Со главна бина на Школка, фестивалот кој започнува денеска ќе биде исполнет со музика и различни забавни активности секој ден до 28ми јули.

– После доброто искуство што Скопје го имаше со „Winterland“, официјално го најавуваме вечерашното отворање на „Summerland“. Овде на Школка, во Градски парк, почнувајќи од вечерва, па се до крајот на месецот, граѓаните на Скопје ќе можат да уживаат секоја вечер во богата музичка програма – изјави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на денешната прес-конференција.

Тој додаде дека покрај тоа, граѓаните ќе можат да се забавуваат и со други активности како board игри, флипери, фудбалче, табла и PlayStation.

Буџетот кој Град Скопје го одвоил за овој проект изнесува четири милиони денари, а целокупната програма за настанот ќе биде достапна уште од денеска.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close