Сугарески: Се реконструираат над 30 патишта и 40 водоводи и канализации - Слободен печат

Сугарески: Се реконструираат над 30 патишта и 40 водоводи и канализации

Автопатот Миладиновци – Штип ќе биде пуштен до крајот на месецов. Во меѓувреме, се реконструираат над 30 патишта и 40 водоводи и канализации, а јавното претпријатие за државни патишта реализира 90 проекти, соопшти министерот за траспорт и врски Горан Сугарески во вечерашното гостување на „Вин- Вин” на телевизија Телма.

Како што рече Сугарески, за само четири месеци годинава реализацијата на капиталните инвестиции во гасоводната мрежа е 27,6 отсто од предвидените 1,5 милијарди денари, а лани вкупно биле реализирани 400 милиони денари.

-Мајската ситуација ќе биде сериозно добра за гасфикацијата зашто таа влегува во вториот квартал, нагласи Сугарески, потсетувајќи дека на денот кога станал министер, патот од Неготино до Битола 98 проценти не бил експроприран.

Прочитајте и...  Ќе се прегледуваат снимки на новото рочиште за „Рекет“

Според него, оваа Влада во целост стои зад двата експресни патишта: Ранковце – Крива Паланка и Штип – Радовиш, во должина од по нешто над 40 километри. Три милијарди денари е реализацијата на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) во првиот квартал годинава, а лани била 987 милиони.

Во врска со пролонгирањето на автопатот Миладиновци – Штип објасни дека два дена пред пуштање, Министерството за транспорт добило известување од фирмата изведувач дека не е безбеден.

-На 19 декември „Сино хидро” не извести дека може да се пушти автопатот, но два дена пред да го пуштиме, на 9 март, дојде писмо во кое стоеше дека автопатот не е безбеден. Затоа овие два месеца во делот на оградата и надвозникот на Свети Николе интензивно се работи. Автопатот ќе биде пуштен до крајот на месецот, а за неполни четири години беше направен 50 проценти, истакна министерот.

Прочитајте и...  Руските власти присилно ќе хоспитализираат Русинка која избегала од карантин

Прашан за изградбата на станови, информира и дека ПУИГ до Министерството за финансии денеска испратило писмо за повлекување пет милиони евра, средства кои рече, ќе бидат повлечени во најбрз можен рок.

Сугарески забележа дека кога во медиумите се зборува за капиталните инвестиции, најчесто не се земаат предвид средствата реализрани во инфраструктурните проекти преку ЈПДП. Укажа и дека ваква јавна дебата немало во изминатите осум години бидејќи тогаш, посочи, градежништвото базираше на згради и споменици.

Прочитај повеќе

Македонија ќе донира шест милиони денари за обнова на Албанија

Слободен печат

Тачи: Косово ќе произведува мир, ќе биде фактор на стабилноста во регионот

Слободен печат

Хрватска и Австрија ќе донираат по еден милион, Грција 2,5 милони евра

Слободен печат

Десет клиники во Москва добиле анонимни дојави за бомби

Слободен печат

Пристапот до финансирање од буџетот на ЕУ ќе биде условен

Слободен печат

Фон дер Лајен-Спасовски: Исполнети високите очекувања што ги постави Европската комисија

Слободен печат

Остави Коментар

петнаесет − четиринаесет =

Прочитај повеќе

Спасовски: Солидарноста беше и останува ѕвезда водилка

Слободен печат

Додик: Гудбај БиХ, велком РС-егзит

Слободен печат

(ГАЛЕРИЈА) Стотици луѓе на маршот „Чекориме за правда“, повикаа за правни разрешници и крај на криминалот

Слободен печат

(ВИДЕО)Заев: Нашиот народ е желен за правда, сега на ред е Европската Унија

Слободен печат

Мираковска: Повеќе од седум години имаме систем во кој јавното обвинителство не може да си ја заврши својата работа

Слободен печат

(Видео) Толпата која маршира за правда пристигна пред комплекс судови

Слободен печат