Судскиот совет ќе ја разгледува пресудата на Управниот суд за разрешувањето на Дамева

Судски совет - член Весна Дамева / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Судскиот совет денеска ќе одржи работен состанок, на кој како што е најавено, ќе ја разгледа пресудата на Управниот суд со која се поништува одлуката за разрешување на поранешната претседателка на Советот, Весна Дамева.

Дамева беше разрешена од функцијата претседателка на Судски совет во април минатата година, кога нејзиниот заменик, Селим Адеми, побара да се гласа за нејзино разрешување, но постапката беше бурна и незаконска.

По разрешувањето, таа поднесе тужба до Управниот суд, кој пресудата ја донесе минатата седмица.

Разрешувањето на Дамева го наруши кредибилитетот на Судскиот совет. Постапката беше проследена со бурни реакции од јавноста, од дипломатскит кор, а министерот за правда Кренар Лога, како и многумина други бараа неотповикливи оставки на сите членови на Советот. Оставка тогаш поднесоа двајца членови на Судскиот совет.

Судскиот совет утре ќе ја разгледува пресудата за Дамева која ќе се врати како претседателка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот