Судир на два товарни бродови во Егејско Море, грчките крабрежни служби помагаат

Бродови во Егејско Море/Фото: Ael / Alamy / Alamy / Profimedia

Судир меѓу два товарни брода во Егејското море – со знаме на Вануату и Сингапур – во морската област лоцирана на 9 наутички милји северно-северозападно од Хиос, се случи претходно во петокот напладне, јавија грчките медиуми.

Според информациите, товарниот брод под знамето на Вануату со име АНТ има 13 членови на екипажот , а другиот товарен брод по име „Потенција“ има 19 членови на екипажот.

Бродот АНТ пловел од Александрија, Египет и бил наменет за Украина. Другиот, Потенција, отпловил од Смирна.

Судирот се случил во меѓународни води, во грчка област на одговорност за потрага и спасување, а грчкото Министерство за поморство ги известило капетаните на бродовите дека судирот се случил во грчко подрачје за пребарување и спасување. Временските услови во областа се добри.

Шест бродови на крајбрежната стража, морско пловило, брод на морнарицата, хеликоптер Супер Пума и други пловила се упатиле на местото на судирот, додека според информациите грчките сили веќе се на еден од двата бродови кои се судриле.

Двата брода се неоптоварени и нема опасност да потонат. Од сударот нема повредени ниту пак некој од членовите на екипажот паднал во морето. Според извештаите нема ниту истекување на нафта.

-Забележано е дека во областа пристигнале и бродови на турската крајбрежна стража, во обид повторно да провоцираат, следејќи ја познатата тактика за да ги убедат капетаните дека областа припаѓа на турската јурисдикција за пребарување и спасување, пишуваат грчки медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот