Судaр во вода кај Пиреја: Товарен брод со португалско знаме удри во брод на грчката воена морнарица

Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Рано утрово во морскиот дел во близина на атинското пристаниште Пиреја, од засега непознати причини, се судрија два брода, едниот на грчката воена морнарица, а другиот товарен што пловел под португалско знаме.

Според грчките медиуми, полесно се повредени двајца од 27 членови на екипажот на воениот брод.

Од грчката воена морнарица соопштуваат дека ги преземаат сите неопходни активности, а со помош на реморкер, воениот брод кој претрпе штета по судирот, се извлекува од морето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот