Суарез пред седум години го шокираше фудбалскиот свет (ВИДЕО)

фото: твитер

Уругвајскиот интернационалец своевремено настапувајќи за Ливерпул во еден физички дуел ја гризна раката на дефанзивецот на Челзи, Ивановиќ.

Една неверојатна ситуација се случи на „Енфилд“, на денешен ден пред седум години Уругваецот го шокираше светот со несекојдневен потег.

На дерби дуелот во рамките од Премиер лигата помеѓу Ливерпул и Челзи, прво се ослободи од топката, а потоа Луис Суарез ја гризна раката на српскиот интернационалец Бранислав Ивановиќ.

Ова предизвика големи критики во Англија, беше и казнет од ФА со забрана за настап на 10 натпревари.

Истото го направи и во дресот на Ајакс и во националната репрезентација на средбата со Италија.

Моментно ги брани боите на Барселона, а на „Камп Ноу“ се пресели во 2014 година. Со „црвените“ успеа да освои само еден трофеј во англискиот Лига куп, а претходно во кариерата беше дел уште од Насионал и Гронинген.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот