Суарез: Барселона не смее да си дозволи вакви порази

фото: fcbarcelona.com

Шпанскиот шампион Барселона заборави да победува на гости во оваа сезона. Каталонскиот тим од 23 април па досега се уште нема победа на гостински натпревар, а последен тим кој и го зеде скалпот е Гранада која вчера славеше со 2:0.

– Можеби нè пресече рано примениот прв гол, но тој не го одлучи победникот. Се обидовме да израмниме, но примивме и втор гол, по што ни беше многу тешко да се вратиме.

Играме многу лошо на гостувањата. Играчите се тие кои губат или победуваат на терен, но и јас чувствувам одговорност за ова што се случи. Не заслуживме да победиме – изјави Ернесто Валверде, тренерот на Барселона кој е на удар на јавноста поради слабите резултрати.

И самите играчи се свесни дека екипата игра многу лошо на гостувањата, а против Барселона во првото полувреме не успеаја да упатат ниту еден удар во рамките на голот.

– Имавме поголем посед на топка, но не успеавме да созададеме шанси за гол. Барселона не смее да си дозволи вакви порази – изјави напаѓачот Луис Суарез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот