Студија: Драстичен пад на наталитетот во Италија, со 2100 година ќе се преполови населението

Фото: Профимедиа

Од 2014 година, Италија загуби 551.000 жители, колку што приближно има население во Џенова,, шестиот по големина град во Италија.

Италија се соочува со драстичен пад на наталитетот на најниско ниво од создавањето на единствена држава на Апенинскиот Полуостров и се проценува дека населението на земјата би можело да се преполови до 2100 година. Тоа е наведено во студијата објавена во медицинското списание „Лансет”.

Населението на Италија достигна 61 милион во 2014 година, а според експертите, до 2100 година земјата ќе има население од 30,5 милиони.

Според најновите податоци на италијанскиот Институт за статистика, бројот на новородени бебиња во 2019 година е 420.000, што е за 19.000 помалку од годината претходно, а бројот на починати во 2019 година изнесувал 634.000.

Од 2014 година, Италија загуби 551.000 жители, колку што приближно има население во Џенова,, шестиот по големина град во Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот