„Страдам од невролошко нарушување и имам ужасна болка“: Сија откри дека боледува од Елерс-Данлосов синдром

Фото: Профимедиа

Таа со своето признание сакаше да ги поддржи оние кои минуваат низ истото. Пејачката Сија Кејт Изобел Ферлер попозната како Сија веднаш штом се појави на сцената го освои светот со својот моќен глас, а нејзините песни станаа огромни хитови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SIA (@siamusic)


Специфична е и по тоа што долго време не сакала да го покажува своето лице, посочувајќи дека на луѓето треба да им се допаѓа поради нејзиниот талент, а не поради нејзиниот изглед. Сепак, таа е многу активна на социјалните мрежи, каде со следбениците споделува некои детали од својот живот.

Елерс-Данлосов синдром

Во една прилика на Твитер пејачката откри дека боледува од Елерс-Данлосов синдром.

„Еј, страдам од невролошко нарушување и имам ужасна болка, тоа е Елерс-Данлос синдром. Сакав да ви кажам на сите вас кои имате болка, без разлика дали сте физички или емоционални – ве сакам и продолжете. Животот е тежок. Болката е деморализирачки, но вие не сте сами“, напиша таа на споменатата социјална мрежа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SIA (@siamusic)

Подоцна, таа повторно зборуваше и дополнително го објасни ова.

„Само да појаснам, имам невролошко пореметување Елерс-Данлос. Елерс-Данлос не е невролошка болест. Се извинувам за конфузијата“, додала пејачката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот