Стотици штипјани ќе гласаат на нови локации на локалните избори

Четири избирачки места во Штип ќе ги сменат своите локации, согласно здравствените протоколи за гласање на 13 декември, информираше денеска претседателката на Општинската изборна комисија, Сенка Андреева.

Жителите од населбата Железничка со гласачко место 2282 кои гласаа во објектот познат како Змај, посочи Андреева, сега ќе гласаат во Средното општинско училиште „Коле Нехтенин”. Жителите со право на глас во населбата штипско Ново Село, на овие избори за градоначалник ќе гласаат во просториите на гимназијата „Славчо Стојменски”.

-Во подрачното основно училиште во Лакавица ќе гласаат жителите на селата Лакавица, Степанци и Пухче, додека во селото Врсаково имаме споени места, овде нема да се гласа во стариот објект, туку во нов објект, кој е под владение на Општина Штип, изјави Андреева.

Посочи дека промените на гласачките места се прават поради протоколите и здарвствените мерки за сигурно и безбедно гласање на избирачите.

-Имаме поголема заштита поради поголемите објекти, поголема дистанца од два и пол метри, за сето ова работеше Државната изборна комисија со Општинската изборна комисија, потенцира Андреева.

Таа додаде дека избирачките места ќе се дезинфецираат пред, но и по гласањето, а членовите на избирачките одбори ќе имаат заштитна опрема и дезинфекциски средства.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот