Столтенберг замина на средба со Доналд Трамп во Белата куќа

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа во пресрет на прославата во врска со 70-тата годишнина од Алијансата. Предвидено е Столтенберг да се обрати пред американскиот Конгрес.

Состанокот со Трамп се одржува непосредно пред средбата на 3 и 4 април во Вашингтон на министрите за надворешни работи 29-те членки на НАТО и Република Северна Македонија ќе зборуваат за Русија, Авганистан и борбата против тероризмот. Столтенберг најави обраќање во име на Алијансата на првиот ден од средбата.

За Столтенберг нема сомнеж дека НАТО има целосна поддршка од Трамп и покрај неговите контроверзни изјави и гласини дека тој би можел да ги повлече САД од Алијансата. Неодамна двајца поранешни американски амбасадори во НАТО оценија дека администрацијата на Трамп е „најголемата закана” за Алијансата. Генералниот секретар, меѓутоа, ги отфрла таквите обвинувања.

Столтенберг посочи дека неговата увереност во посветеноста на НАТО е поттикната од изјавите на самиот Трамп кој во повеќе наврати изјави дека поддршката на САД останува голема, но и поради тоа што Алијансата ужива меѓупартиска поддршка кај Американците.

Тој оцени дека е „невозможно” да се каже дека САД не се посветени на НАТО, со оглед на воените и финансиските инвестиции кои ги прават.

Трамп повеќепати ги критикуваше земјите членки на Алијансата поради ниската стапка која тие ја издвојуваат во нивните буџети за одбраната. До 2025 година САД очекуваат сите земји членки да издвојуваат два проценти од бруто домашниот производ за НАТО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот