Столтенберг: Турција е многу значајна за НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во интервју за францускиот весник „Фигаро” истакна дека Турција е многу значајна земја за Алијансата.

– Сите сојузници ја критикуваа операцијата (Извор на мирот), но никој не зборуваше за местото на Турција во НАТО. Турција им дозволи на сојузниците да ги користат нивните бази, учествуваше во борбата против Исламска држава. Турција е единствена земја во НАТО на граница со Сирија и со Ирак. Прими 3,6 милиони бегалци. Турција е многу важна за НАТО. За ова да се разбере, доволно е да се погледне картата и да се испита геостратешката положба на Турција, истакна Столтенберг.

Тој, коментирајќи ја неодамнешната изјава на францускиот претседател Емануел Макрон дека „НАТО доживеа мозочна смрт”, наведе дека „НАТО е од витално значење за безбедносните прашања”.

– Тоа го докажа штитејќи речиси една милијарда луѓе секој ден и со децении го одржува својот најголем придонес за одбраната, посочи Столтенберг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот