Столтенберг по состанокот: НАТО и Русија се далеку од договор, но има простор за напредок

Состанокот НАТО- Русија / Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET / POOL

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг по состанокот на алијансата со Русија изјави дека разговорите околу спорот со Украина биле доста тешки и дека се уште има големи недоразбирања околу тие прашања.

„Имавме сериозни и директи разговори околу ситуацијата во Украина, како и за безбедноста во Европа. НАТО и Русија имаат доста различни мислења околу овие прашања. Ќе биде тешко да ги преминеме овие разлики“ вели Столтенберг во соопштението кое го објави НАТО.

Тој смета дека со самото тоа што НАТО и Русија седнаа на иста маса е позитивна работа и дека пред две години ваквите состаноци изгледаа невозможни.

Столтенберг вели дека Русија денеска го побарала тоа што го објави во декември, односно да не се примаат нови членки во НАТО и да се повлечат источните сојузници од границите на Украина.

„Секоја земја има свое право да одлучи на кој начин ќе ја штити својата граница. Алијансата даде до знаење дека нема да го одрекуваат нивното право за меѓусебна заштита“ додава секретарот.

Двете страни на состанокот се согласиле дека треба да продолжат разговорите за подобрување на односите, како и да се добие решение кое ќе им одговара на двете страни.

„Алијансата исто така понудија да ја разгледуваат контролата на вооружувањето и разоружувањето, како и решавањето на реципрочните ограничувања на проектилите и за решавање на нуклеарните политики. Кога станува збор за комуникацијата, сојузниците на НАТО се заинтересирани да бараат начини за подобрување на цивилните и воените комуникациски канали, и можноста за повторно воспоставување на нашите соодветни канцеларии во Москва и Брисел“ стои во соопштението на НАТО.

Од НАТО велат дека ќе дадат се од себе за да дојде до напредок во дијалогот со Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот