Стипендии за додипломски студии на Московскиот државен институт за меѓународни односи

Скопје, октомври 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Московскиот државен институт за меѓународни односи (МГИМО) при Министерството за надворешни работи на Руската Федерација е спремен да прими две лица од Република Северна Македонија на додипломски студии за учебната 2021/2022 година, согласно одлуката на Претседателот на Руската Федерација.

-Во согласност со Наредбата на Министерството за наука и високо образование на Руската Федерација доставувањето на документите до Комисијата за прием на странски државјани во 2021 година ќе се врши исклучиво во електронска форма, соопшти МОН кое на веб-страницата ги наведе потребните документи со кои кандидатите треба да се пријават, заедно со електронската апликација.

Потребните информации за кандидатите се објавени на сајтот www.mgimo.ru  Приемните испити на руски и странски јазик за апликантите во 2021 година ќе се одржат на дистанца, по 15 август, а датумите за испити ќе бидат објавени подоцна.

Документите треба да се поднесат најдоцна до 27 април 2021 до Министерството за образование и наука,  Сектор меѓународна соработка, ул. „Свети Кирил и Методиј’ бр.54  1000 Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот