Старлета банкротираше поради пластичните операции! (ФОТО)

Instagram

Поранешниот модел и старлета Кејти Прајс (41) неконтролирано трошеше пари, а сега, како што пишува Daily Mail, прогласила банкрот. Наводно го потрошила богатството кое било вредно 45 милиони фунти, односно околу 53 милиони евра.

Живееше раскошно. Големите суми на пари ги трошела на шопинг, брендирани работи, луксузни одмори и бројни пластични операции. Но, сега нема веќе ништо од тоа. Кејти има долгови кои чинат милиони, а сега мора да се снајде да ги врати. Судот допрва треба да одреди кој ќе го распродаде нејзиниот имот, вклучувајќи ја и куќата која вреди 2 милиони фунти.

Должи пари за хипотека, а греењето месечно го плаќа околу 140.000 денари, бидејќи не го гаси. Исто така, плаќа и домашни помошнички, обезбедување, дадилки, а редовно прави и пластични операции кои се екстремно скапи.

Дополнителни трошоци ѝ се маникир, педикир, фризер и масажи секој втор ден. Моментално единствени приходи зема од сопственото телевизиско шоу „My Crazy Life“ и промовирање на производи за слабеење на друштвените мрежи.

Во последните осум месеци таа била на 6 патувања, вклучувајќи ја Шпанија, Белгија и Тајланд, па дури ја реновирала и вилата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот