Стапува на сила унитарниот патентен систем на ЕУ, во него веќе се 17 земји

Знамиња на Европската унија / Фото: МИА

Единствениот патентен систем ја отвора вратата за сосема нова ера во заштитата на интелектуалната сопственост во Европа, коментира за БТА проф. Владја Борисова, претседател на Заводот за патенти на Бугарија.

Со една апликација се добива заштита на пронајдокот на територијата на 17 земји од ЕУ, кои се приклучија на Договорот за воспоставување на унитарниот патент, кој е отворен и за другите земји од Заедницата.

Кога тоа ќе се направи, унитарниот патент ќе ја покрие целата ЕУ. Предноста за малите и средни претпријатија е брзата постапка за стекнување заштита и намалувањето на надоместоците за трансфер во процедурите за валидација. Со стапувањето во сила на унитарниот патент од 1 јуни се очекува да започне работата на Единствениот патентен суд кој има надлежност да одлучува по случаи на повреда на патентните права, а специфично е што судиите имаат правна и техничка обука, бидејќи патентите се од различни области на технологијата и имаат конкретен предмет на правен спор, објави „24Часа.бг“.

Промената доаѓа на 50-годишнината од потпишувањето на Европската конвенција за патенти и претставува историски момент за иноваторите и заштитата на пронајдоците во Европа. Се проценува дека 25-те земји-членки на ЕУ, здружени во засилена соработка за единечниот патентен пакет, имаат комбиниран бруто домашен производ (БДП) од повеќе од 14 трилиони евра (што одговара на 80 отсто од целиот БДП на ЕУ) и вклучуваат население од речиси 400 милиони луѓе – повеќе од САД, Канада и Австралија заедно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот