ССМ: K-15 да се исплати согласно утврденото во Колективните договори

Преговори помеѓу ССМ и ОРМ за да не се исплати К-15 нема, вели во соопштение претседателот на Сојуз на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски.

-Ставот на ССМ е јасен, К-15 да се исплати согласно утврденото во Колективните договори. Истовремено, потсетуваме дека ист став по ова прашање како ССМ има и Владата. Исплатата на регресот за годишен одмор е право на работниците, а обврска на работодавачите воспоставено по пат на социјален дијалог утврдена во Колективен договор- истакнува Димовски во соопштението.

Ќе се погрижиме оние кои не исплаќаат регрес за годишен одмор ​ или бараат од работниците​ да ги​ вратат исплатените средства по овој основ кривично да одговараат, истакнува Димовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот