Средношколец од БИХ на екскурзија во Прага падна од прозорец на хотел, загина на место (ВИДЕО)

Седумнаесетгодишен ученик на Средното техничко училиште за графички технологии, дизајн и мултимедија од Илиџа загина денеска по пад од прозорец на хотел во Прага, каде учениците престојувале на екскурзија.

Ова за сајтот Српскаинфо го потврди директорот на училиштето Фуад Дургут.

-Во тек е увид кој го извршува полицијата во Прага по што ќе имаме повеќе информации – додаде Дургут.

Дургут потврди дека за трагедијата се известени службениците на Амбасадата на БиХ во Прага.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот