Средба на руски Сухој и два американски бомбардера над Балтикот

Руски борбен авион Сухој-27 пресретнал два бомбардера Б-1Б Лансер кои припаѓаат на американското воено воздухопловство, а средбата се случила над Балтичкото море, соопшти службата во руското Министерство за одбрана.

Руските радари претходно откриле две цели кои се приближуваат до руската територија, објави агенцијата ТАСС.

Рускиот Сухој-27 веднаш беше подигнат од западната воена база во Русија за да ги пресретне бомбардерите.

„Екипажот на рускиот борбен авион ги идентификуваше авионите како стратешки бомбардери Б-1Б и тие им припаѓаат на САД”, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.

Американските бомбардери не го нарушиле рускиот воздушен простор и ја напуштиле областа, се додава во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот