Средба Маричиќ – Брнз: САД се силен сојузник во реформите за владеење на правото и градење на силни и независни институции

Фото: mia.mk

Силна поддршка од Соединетите Американски Држави во исполнување на стратешките приоритети и реформите за владеење на правото, како и продолжување на силното партнерство, е очекувањето што го изразил министерот за правда, Бојан Маричиќ на денешната средба со американската амбасадорка, Кејт Брнз.

Како што се наведува во соопштението од Министерството за правда, Маричиќ нагласил дека САД се значаен сојузник во процесот на градење силни и на независни институции и реформи, базирани на принципите на владеење на правото, заштитата на човековите права и борбата против корупцијата.

На средбата Маричиќ ја претстави својата мандатна мисија и потенцирал дека покрај членството на Република Северна Македонија во НАТО и зајакнување на безбедноста на државата, преостанува уште една стратешка определба за исполнување, а тоа е членството во Европската Унија, се наведува во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот