Србите почнаа контрола за вишокот на пестициди во замрзнатите цреши

Министерството за земјоделство започна контрола во Србија по информациите дека Холандија поради пречекорување на дозволената количина на пестициди од пазарот ги повлекла смрзнатите цреши со потекло од земјата. Таа вест ја објави РАСФФ – европскиот систем за брзо предупредување и информации за храната, кој секојдневно објавува голем број информации за состојбата на пазарот во различни земји.

– Се додека трае нашата внатрешна контрола, нема да коментираме за овој случај, но за се ќе биде информирана јавноста штом ги имаме резултатите – неофицијално рекоа за „Политика“ во Министерството за земјоделство. Како што се наведува во првичните информации, станува збор за пестицидот „диметоат“ кој бил откриен во замрзнати вишни во поголема количина од дозволената. Според податоците од РАСФФ, контролата на овошјето ја направил самиот производител. Во примерокот земен на 6 март, откриени се остатоци од овој пестицид во количина од 0,044 милиграми по килограм, додека дозволената количина е 0,01 милиграми по килограм. Важно е, како што препорачуваат експертите, препаратот да не се користи за време на цутењето. Пред две години, во Европа беше забележано и повлекување на замрзнатите цреши од Полска кои беа дистрибуирани во Белгија, Хрватска, Франција и Холандија. Европската агенција за безбедност на храна во 2016 година предупреди дека овој пестицид може да биде штетен за луѓето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот