Србите го слават Свети Сава – својот најголем светител и зачетник на школството

Фото: Википедиа

Бил првиот српски архиепископ, влијателен дипломат, а СПЦ го слави како свој основач.

Верниците и свештенството на Српската православна црква (СПЦ) денес ја слават славата, која е позната и како школска слава, Свети Сава, односно Савиндан. Свети Сава е синоним за српскиот народ, за се она што претставува српското духовно битие.

Роден е како Растко Немањиќ (1174-1236), се одрекол од земската власт и се замонашил. Тогаш станал Сава. Сава било рашко племство од владеачкото семејство на Немањиќ.

Тој е првиот српски архиепископ, влијателен дипломат, а СПЦ го слави и како свој основач.

Растко бил најмладиот син на големиот жупан Стефан Немања и брат на кралевите Стефан и Вукан. Прогласил независност на рашката црква и ги поставил основите на СПЦ.

Кога наполнил 17 години, одлучил да отпатува на Света Гора, која денес се наоѓа во Грција и станал монах. Како што се наведува, толку се заљубил во православната вера што одлучил да се откаже од својата титула на принц. Подоцна му се придружува и таткото Стефан Немања. Двајцата во 1198 година го оживеале запуштениот манастир Хиландар.

За време на својот живот, Сава патувал, им помагал на луѓето и поставувал праведно. Напишани се многу приказни за неговиот лик и дело.

Сава се повлекол од архиепископското место во 1234 година. За наследник го поставил Арсеније, кој му бил ученик. Сава потоа се упатил на долго патување на Исток. Според историските списи, умрел во 1236 година во Велико Трново, наводно од запаление на белите дробови.

Неговите мошти во манастирот Мислешево ги пренел неговиот внук, кралот Владислав во 1237 година.

Како школска слава, Свети Сава е укинат во 1945 година, а вратен е во 1990 година. На тој ден наставата не се одржува, а освен во Србија, се слави и во Република Српска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот