Србија: Во Белград и Нови Сад започна антивладиниот протест

Фото: Printskrin

Како што беше најавено, по говорот, тие од плоштадот ќе тргнат во протестна прошетка.

Протестите во Белград се одржуваат и покрaj забраната за собири, во рамките на мерките за борба против коронавирус, пренесуваат српските медиуми.

Во синоќашните демонстрации се приведени 14 полицаји, уапсени се 71 демонстрант, а од почетокот на насилните протести се повредени најмалку 130 полицаји кои морале да побараат помош од доктор.

Од друга страна и граѓаните во Нови САД и денеска околу 18 часот почнаа да се собираат на Плоштадот Слобода за да протестираат против власта, четврти ден по ред.

Како што беше најавено, по говорот, тие од плоштадот ќе тргнат во протестна прошетка.

Повеќето од собраните носат заштитни маски, а организаторите и за денеска подготвија импровизиран мобилен систем за озвучување.

Собирот засега е мирен, јави агенцијата Бета. Главните барања на демонстрантите во Нови Сад се оставки на директорот на полицијата, Владимир Ребиќ, министерот за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, градоначалникот на Нови Сад, Милош Вучевиќ и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Граѓаните бараат и оставка од Кризниот штаб, пренасочување на парите кон медицинските лица и враќање на работата на граѓаните отпуштени за време на пандемијата.

Немири во српската престолнина откако претседателот Александар Вучиќ најави рестриктивни мерки, односно враќање на полицискиот час од понеделник до петок поради големиот раст на новозоразаени со коронавирусот / Јули 2020, Белград, Србија / EPA-EFE/KOCA SULEJMANOVIC

По инцидентите за време на протестите во средата, граѓаните во четвртокот одржаа мирни протести.

Синоќа околу илјада демонстранти се обидоа да го блокираат автопатот, но се откажаа затоа што полицијата постави кордон кај Качката клучка на самиот излез од автопатот и ги спречи да поминат. Сè мина без проблеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот