Србија треба да го признае Косово, ништо нема да го смени нашиот став, порача Рама од Њујорк

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Албанскиот премиер Еди Рама попладнево објави дел од говорот одржан вчера на Генералното собрание на Обединетите нации, каде се фокусира на прашањето за дијалогот Косово-Србија и односите меѓу нив.

Во својот говор, Рама рече дека „ништо не ја менува позицијата на Албанија дека Србија треба да го признае Косово и време е ќор-сокакот во дијалогот да се надмине со храброст, од двете страни, за да се постигне решителен договор поддржан од ЕУ и САД”.

Рама порача дека „најдобрата порака на Отворен Балкан, што сакам да ја споделам со вас денес е дека не е неопходно да се договориш за сè за да го оставиш зад себе темното минато и да градиме, чекор по чекор една поинаква иднина, справување со недоразбирањата на сè пољубезен начин и секогаш наоѓајќи сè повеќе и повеќе причини, оние добрите, за да се решат и недоразбирањата”.

-Зајакнувајќи ги односите со Србија и одејќи напред кон унапредување на билатералната и регионалната соработка, Албанија не мрдна и нема да мрдне ниту милиметар од својот непоколеблив став за поддршка на потребата секоја земја, дури и меѓу вас што не го сторила тоа, вклучително и Србија, да ја признае Република Косово, рече Рама.

Тој посочи дека е време Косово и Србија да го надминат „сегашниот ќор-сокак во нивниот дијалог и храбро да работат кон сеопфатен мировен договор, извршувајќи ги своите соодветни улоги за да усвојат договор поддржан од ЕУ и Соединетите американски држави“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот