Србија: Тадиќ бара поддршка од опозициските лидери за новата стратегија на опозицијата

Фото: Миа

Претседателот на српската Социјалдемократска партија (СДС), Борис Тадиќ, ги повика сите опозициски лидери да се состанат утре и да разговараат за нова стратегија за дејствување на опозицијата.

Ова е првпат да преземам ваква иницијатива во овие осум години, бидејќи досега сакав да им дадам можност на сите други лидери на опозицијата кои излегоа со свои предлози. Се надевам дека тие ќе одговорат на овој повик и ќе го слушнат мојот предлог”, наведува Тадиќ во писмена изјава.

Тој додава дека и самиот учествувал во некои проекти, во чиј успех не бил убеден, бидејќи единството на опозицијата било пред се.

„Предлагањето на оваа иницијатива секако не значи дека сакам да го преземам водството во опозицијата, а стратегијата што ја предлагам има за цел да ја прекине таа борба за првото место на Титаник. Во таа смисла, суетата не треба да биде причина да не одговорам на повикот што го упатив”.

„Предлагам стратегија за која сум убеден дека е најдобриот и најбрзиот начин да се придобие овој режим, бидејќи тоа е стратегија во која сите наши разлики конечно би започнале да работат за нас, а не против нас”, додаде Тадиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот