Србија денеска доби уште 11.700 дози вакцини од Фајзер

Фајзер вакцина
Фајзерр вакцина / Фото: ЕPA-EFE/ABIR SULTAN

Во српскиот Институт „Торлак“ денеска стигнаа уште 11.700 дози од вакцината на Фајзер, пренесува Блиц.рс

– Во наредните две недели се очекува да почнат да стигнуваат меѓу 10.000 и 20.000 од оваа вакцина неделно, вели изворот на Блиц и додава дека на 15 февруари се очекуваат уште 41.000 дози од вакцината на Фајзер.

– На состанок со луѓе од тимот кој се занимава со оваа тема претседателот на Србија, Александар Вучиќ и соопшти на премиерката Ана Брнабиќ и соработниците дека во наредните 24 часа очекуваат позитивно изненадување кое се однесува на набавката на вакцини, заклучува изворот на Блиц.рс.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот