Спектаклот е загарантиран, кошаркарите ги стартуваат квалификациите против светскиот шампион

македонска кошаркарска репрезентација
Двапати бевме поразени во февруари од Грузија/Фото: kfsm.mk

Како што најавуваат од македонската кошаркарска федерација спектаклот е загарантиран, за првпат во својата историја нашата сениорска машка репрезентација пред себе ќе го има актуелниот светски шампион.

На 26 ноември во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје со почеток од 19.30 часот играчите предводени од селекторот Драган Бајиќ во првото коло од квалификациите за пласман на Светскиот Куп 2023 ќе се соочат против Шпанија.

Следниот Мундобаскет ќе се одржи во три земји, Индонезија, Јапонија и Филипини во периодот од 25 август до 10 септември 2023 година.

Потсетување во претквалификациите нашите најдобри кошаркари го освоија првото место во групата „Ф“ пред Словачка и Швајцарија.

А сега во главните квалификации во рамките од групата „Г“ освен со Шпанците, ќе играме уште проитв Грузија и Украина. Првопласираните три селекции ќе одат во втората рунда од квалификациите.

После мечот со „црвената фурија“ Македонија три дена подоцна на 29 ноември во Киев ќе гостува кај Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот