Спасовски: Лидерите на политичките партии ме информираа дека се ставени во мораториум сите активности до 22 март

Сите политички лидери, рече Спасовски, вклучувајќи ги и Зоран Заев и Христијан Мицкоски се согласуваат дека сите политички активности треба да останат во мораториум со 22 март.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски во Владата одржа прес-конференција, каде информираше за моменталната сојстојба со коронавирусот, како и за прогласената кризна состојба во Дебар и Центар Жупа.

Спасовски истакна дека оваа кризна состојба во Дебар и Центар Жупа ќе трае 30 дена.

На новинарско прашање за евентуално одложување на изборите, рече дека разговарал со сите лидери на партиите.

-Утрово разговарав со сите лидери на политичките партии, ме информираа дека се ставени во мораториум сите активности на политичките партии, тоа ќе трае до 22 март, пред почетокот на кампањата. И тоа е добра порака, којашто произлезе од лидерската средба, дека за сите нас животот и здравјето е пред се. Најсилната порака во овој момент треба да ја пратат токму политичките субјекти- рече Спасовски.

Сите политички лидери, рече Спасовски, вклучувајќи ги и Зоран Заев и Христијан Мицкоски се согласуваат дека сите политички активности треба да останат во мораториум со 22 март.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот